Македонците, една од најрелигиозните нации

Македонците се едни од најрелигиозните нации, а словенците се на дното на листата во регионот покажа Галуповото истражување за важноста на религијата во животот на човекот.

Isus
Исус

крстМакедонците се едни од најрелигиозните нации, а словенците се на дното на листата во регионот покажа Галуповото истражување за важноста на религијата во животот на човекот.

Според неофицијалните податоци од последниот попис во Босна и Хецеговија, 97 отсто од граѓаните се изјасниле како верници, од нив 45 отсто се муслимани, 34 отсто православни, 14 отсто католици, а атеистите се некаде околу 3 отсто.

Во истражувањето кое „Галуп“ го спровеле во периодот од 2006 до 2008 година во Босна и Херцеговина, на прашањето „Дали ви е религијата важна во животот?“, позитивно одговориле 70,5 отсто од граѓаните, а негативно одговориле 29,5 отсто.

Овој резултат ја сместува Босна во листата на средно-религиозни држави кога е во прашање европското окружување.

Во Европа има многу малку држави во кои на жителите религијата им е многу побитна од босанците. Се работи за Грција 29,5 отсто, Италија и Португалија по 26 отсто, Македонија и Кипар со по 24,5 отсто, Полска со 19,5 отсто, Молдавија со 19 и Турција со 9,5 отсто.
Што се однесува на земјите во регионот, Косово има нешто повеќе жители на кои не им е важна религијата, нивната бројка е околу 31,5 отсто. Во Србија од оние на кои не им е важна религијата се 46,5 отсто, а во Црна Гора 48 отсто.

Најмалку верници има во Словенија, најразвиената земја во регионот. Дури 52 отсто од словенците велат дека религијата не им е важна во секојдневното живеење.

Интересно е што на самиот врв на листата се најразвиените европски и светски земји на кои религијата не им е битна во живеењето, така 83 отсто од жителите на Шведска изјавиле дека религијата не им е важна, во Данска 80,5 отсто, Естонија и Норвешка 78, Хонг Конг и Холандија 75,5, Јапонија 75 отсто, Чешка 74,5 отсто, Велика Британија 73, а Финска 70 отсто.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top