„Мајки“ премиерно на Берлинскиот фестивал

Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски ќе ја доживее европската гала-премиера на Берлинскиот филмски фестивал на 16-ти февруари.

 |  Маја Савиќ  | 
majki-poster
Мајки -постер

Филмот „Мајки“ на Милчо Манчевски ќе ја доживее европската гала-премиера на Берлинскиот филмски фестивал на 16-ти февруари.
majki-poster
„Мајки“ е дел од престижната програма „Панорама“, која се фокусира на авторски смели и значајни филмови од целиот свет.

Фестивалот вчера ја објави официјалната програма. „Мајки“ е единствениот македонски филм на овој, еден од најзначајните фестивали во светот.

Американскиот филмски критичар Ендру Хортон вели во „Скрипт“ дека „Мајки“ има „специјално место во современиот филм и треба да биде виден од публика ширум светот“.

„Мајки“ ја доживеа светската премиера на фестивалот во Торонто во програмата „Специјални презентации“, а потоа беше прикажан и на фестивалот во Сао Пауло, Бразил.

„Мајки“ е триптих на стории во потрага по природата на вистината. Филмот е и пресек на современото македонско општество, а мотото е „Вистината боли“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top