Мадам Пепи бара итна пресуда – брзала на роденден кај Цеца

Персида Момировска (39) побара од судот што е можно поскоро да донесе пресуда по нејзиното обвинението, затоа што брзала да одбере подарок за нејзината пријателка Цеца до 14 јуни кога и бил роденден.

 |  Маја Савиќ  | 
Persida
Персида

Armani i CecaПерсида Момировска (39) побара од судот што е можно поскоро да донесе пресуда по нејзиното обвинението, затоа што брзала да одбере подарок за нејзината пријателка Цеца до 14 јуни кога и бил роденден.

Персида не прифати следното рочиште да се одржи ниту на 15 јуни затоа што тој ден му било роденден на Хитлер.

На денешното рочиште Мадам Пепи тврдеше дека нејзините клиенти носеле демоде гардероба затоа што облеката и била увезена во 2004 година. Како доказ достави потврда од Управата за јавни приходи на која стои датум од 2004 година, но во документот не пишува за која роба станува збор. Пепи тврди дека поголемиот дел од робата што и беше запленета во станот во Тафталиџе е токму од тој период.

На прашање со кого лично се познава од јавните личности, таа ги наведе Светлана Цеца Ражнатовиќ и Џорџо Армани.

На крајот од денешното рочиште утврдено е дека завршните зборови за случајот против Персида Момировска ќе се одржат на 11 јуни, по што ќе се чека пресудата на судот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top