Најуспешниот македонски филмски автор Милчо Манчевски ќе учествува на првата Светска конференција на сценаристи, што ќе се одржи во петок и сабота во Атина, Грција.
Најуспешниот македонски филмски автор Милчо Манчевски ќе учествува на првата Светска конференција на сценаристи, што ќе се одржи во петок и сабота во Атина, Грција.
Конференцијата се смета за историски настан затоа што за прв пат на едно место се собираат членовите на здруженијата од Европската федерација на сценаристи (која е организатор на настанот) и на Меѓународната асоцијација на писателски здруженија.
Според најавите, на конференцијата ќе учествуваат над 200 автори и претставници на над 20 илјади сценаристи од целиот свет.
Манчевски на конференцијата ќе има и свое излагање на панелот со тема “Дали пропадна независниот начин на филмска продукција”.
Тема на конференцијата е наоѓање соодветен одговор на сценаристите и авторите кон дигиталната револуција во филмската продукција и на влијанието на мултинационалните конгломерати.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град