Лидерите на најголемите парламентарни политички партии денеска на нова средба во Клубот на пратениците треба да разговораат за претстојниот втор круг претседателски и локални избори со цел повторување на фер и демократската атмосфера од првиот изборен круг.

Состанокот го иницира премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој вчера упати покани до претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.
СДСМ потврди дека Заев ќе учествува на средбата, но оти покрај најавените теми, ќе побара да бидат отворени и други актуелни прашања. Учеството го потврди и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Само претседателот на ДПА Мендух Тачи соопшти дека нема да дојде. Тој забалежува на селективност во судските постапки за иницидентите од минатогодишните парламентрани избори. Тврди дека судските процеси против припадници на ДУИ се одложуваат, а за членовите на ДПА се водат експресно.
Од истите причини Тачи ја напушти и последната лидерска средба на 1 март кога останатите партиски челници упатија заедничка порака за мирни, фер и демократски избори.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град