Летајте со “Флај Ники“ за 100 евра

Ники Лауда пилотираше на новата авионска линија Скопје – Виена – Скопје.

 |   | 
Niki Lauda
Ники Лауда

Niki LaudaЛегендарниот шампион на Формула 1 лично слета со првиот авион на “Флај Ники“ на линијата Скопје-Виена-Скопје што агенцијата “МакСан Травел“ ја воведува од септември.

Тој донесе голем број на туристи од Австрија преку компанијата “МакСан Травел“ која се занимава со обезбедување на туристички ангажмани.

Сега има подобри услови за работа бидејќи “Флај Ники“ е нискобуџетна компанија што е сега тренд. Имаме одлични услуги и сме квалитетна нискотарифна компанија“, изјави Лауда на скопскиот аеродром “Александар Велики“.

Тој е сопственик на компанијата “Флај Ники“, а вели дека Скопје бил избран како дестинација, по понудата на два тур-оператори.

Авиокомпанијата ќе почне да сообраќа од септември а билетите ќе чинат под 100 евра и ќе можат да се купуваат и по електронски пат.

На реализирањето на првиот лет на авиокомпанијата “Флај Ники“ присуствуваше и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top