Лекот против акни, ДИАНЕ 35 кој сее страв во Европа, за Македонија е безбеден

Овој хормонски препарат кој најчесто се користи за третирање на акни, предизвика вистинска паника во Европа, откако пет девојчиња од Франција починале, а едно во Хрватска eдвај преживеалo по употребата на ДИАНЕ 35.

 |  Мишел Наумоски  | 
Diane 35
Диане 35

Хормонскиот лек против акни, ДИАНЕ 35 кој сее страв во Европа, во Македонија е немоќен. Овој препарат кој во некои држави се препишувал и како контрацептивно средство, деновиве е ставен под сериозна опсервација во Франција, откако 5 девојчиња починале по употреба на истиот, додека една девојка во Хрватска одвај спасила жива глава откако добила тромбоза на раката.

lek protiv akniНо во Македонија, барем според Бирото за лекови, нема место за паника. Кај нас, лекот се користел исклучиво за својата намена.

„Лекот ДИАНЕ 35 во Република Македонија не е регистриран како контрацептивен лек и погрешно е ако тој лек се користи како средство против контрацепција. Важно е да нагласам дека ни во Франција лекот не е регистриран како контрацептивно средство, но бил даван како таков. Бидејќи неговата индикација е една и единствена, дека се користи против појава на влакнетост кај девојчињата и нивно лечење и појава на акни и нивно лечење. Во Република Македонија, овој препарат само за тоа се користи.“-вели директорот на Бирото за лекови на Република Македонија, Илчо Захариев.

Диане 35 во Франција веќе доби забрана за користење од страна на Француската агенција за храна и лекови. Во Македонија ќе продолжи да се употребува.

Zahariev Biro za lekovi„Европската агенција за лекови испрати допис до сите агенции, и до нас, дека во овој момент нема потреба да се преиспитува регистрацијата на овој препарат за лекување на акни. Како е користен во Франција за нешто друго што е надвор од неговите индикации, навистина е апсурдно, но можеби е таков здравствениот систем. Важно е дека лекот е регистриран 20 години во Република Македонија. За 20 години, ние немаме пријава на несакани реакции од овој препарат, ниту еден случај не е пријавен на тромбоза, ниту на емболија, што значи дека неговиот безбедносен профил не е доведен во прашање, и од тие причини, лекот ќе си остане во промет во Република Македонија во делот на неговите индикации, пациентите да си бидат спокојни.“-рече Захариев.

Захариев додава дека постојано водат сметка за здравјето на пациентите и дека доколку се појават некои сознанија дека е нарушен безбедносниот профил на овој лек, тие веднаш ќе реагираат. Сепак независно од позитивната безбедносна историја на лекот во државава, неизбежно се поставува прашањето дали треба да се појават првите негативни последици, за да се дискутира околу натамошната употреба на овој лек.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top