Куќните совети и НВО не треба да плаќаат радиодифузна такса

Куќните совети, невладините организации, синдикалните организации и други слични здруженија на граѓани не се обврзани да плаќаат радиодифузна такса. Вака официјално се изјасни собраниската Законодавно-правна комисија, која по барање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димеска, го толкуваше членот од Законот за радиодифузната дејност кој пропишува дека правните лица се должни да ја плаќаат оваа јавна давачка.

 |  Маја Савиќ  | 
mrtv
мртв

Куќните совети, невладините организации, синдикалните организации и други слични здруженија на граѓани не се обврзани да плаќаат радиодифузна такса. Вака официјално се изјасни собраниската Законодавно-правна комисија, која по барање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димеска, го толкуваше членот од Законот за радиодифузната дејност кој пропишува дека правните лица се должни да ја плаќаат оваа јавна давачка.
MRTV
Барањето на Димоска следуваше откако решенија за наплата на радиодифузна такса добија и новоформираните заедници на станари, како и многу невладини организации и здруженија на граѓани кои не остваруваат никаков профит. Членовите на Законодавно-правната комисија се изјаснија дека јавната давачка треба да ја плаќаат само правните лица што ои се регистрирани според Законот за трговските друштва.
Заедниците на станари, синдикатите и невладините организации во минатиот месец добија решенија за плаќање такса за целата мината година во износ од 1.560 денари. На ова најбурно реагираа членовите на синдикалните организации, кои тврдеа дека Македонската радио-телевизија (МРТ) неосновано се обидува да им ја наметне јавната давачка. Претседателството на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) зазеде став дека гранските синдикати не треба да ја плаќаат таксата и им препорача на своите членки да вложат жалба до МРТ. Препораката ја аргументираат со фактот што синдикалните организации се невладини и непрофитни здруженија во кои вработените се зачленуваат на доброволна основа.

Освен здруженијата на граѓани, решенија за радиодифузна такса изминатиов период стигнаа и на имиња и адреси на починати лица, што ги збуни и револтира граѓаните. По многуте реакции на граѓаните, кои бараа МРТ да го исчисти регистарот, управниот одбор на телевизијата соопшти дека тие немаат обврска да ги бараат потомците на починатите лица, бидејќи наследно-правните работи се во рацете на наследниците.

МРТ објасни дека, според Законот за радиодифузната дејност, таксата ја плаќа секое домаќинство. Според тоа, обврската не се однесува на физичко лице, туку на семејно домаќинство, освен кога во станот или во куќата во која живеел починатиот повеќе не живее никој.

– Доколку се работи за двојно задолжување со радиодифузна такса, односно задолжени се и починатиот и неговиот брачен другар, потребно е починатиот да се избрише од регистарот на обврзниците за плаќање радиодифузна такса, а кој го води МРТ – соопштија од МРТ.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top