Групата која изврши спектакуларен вооружен грабеж на банка во центарот на Скопје се уште е бегство, а полицијата пронајде две возила со кои тие управувале, на патот кон граничниот премин Блаце кон Косово.
Групата која изврши спектакуларен вооружен грабеж на банка во центарот на Скопје се уште е бегство, а полицијата пронајде две возила со кои тие управувале, на патот кон граничниот премин Блаце кон Косово.
Македонската полиција контактирала и веќе разменува информации со косовската полиција.
Во возилата од марката „алфа ромео“ и „голф“, кои се откриени во Стенковец, полицијата пронајде оружје, муниција и бомби, а увидот се уште трае.
Овие детали за грабежот што околу 09,30 часот се случи во експозитура на ПроКредит банка, спроти Соборниот храм, попладнево на пресконфереција ги соопшти полицијата.
Напаѓачите, за кои полицијата верува дека биле четворица или петмина, за време на грабежот носеле елеци со натпис „police“. Еден од нив, задолжен да чува стража пред банката, кога ги забележал полицајците, отворил оган по што започнала престрелката.
Вооружените, според МВР, по инцидентот избегале преку мостот Гоце Делчев и Кале, кон преминот Блаце.
Во нападот, според официјалните информации, ранети се двајца полицајци на возраст од 42 и 50 години. Едниот од нив има лесна гребаница, а другиот е погоден во надлактицата и слабината и е контактибилен.
Пред самиот влез на експозитурата на ПроКредит банка е паркирано едно возило, кое најверојатно го користеле ограбувачите, .
Сите околни улици веќе неколку часа се блокирани од полицијата, а увидни екипи се на местото на инцидентот.
Очевидец, кој беше видно потресен од настанот, за Макфакс изјави дека комбето кое вршело дотур на пари за експозитурата пристигнало десетина минути по грабежот, во кој вооружените однеле плен од 50,000 евра од сефот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град