Ковачевски: Нашата земја е безбедна, но нè очекува неизвесна економска година

Димитар Ковачевски, претседателот на Владата на Македонија, денеска се обрати пред јавноста во врска со актуелната украинска криза.

 |   | 

Димитар Ковачевски, претседателот на Владата на Македонија, денеска се обрати пред јавноста во врска со актуелната украинска криза.

Сведоци сме на немили настани кои сметавме дека се далеку од нас и кои верувавме дека никогаш нема да се повторат на нашето и европско тло. Воената агресија на Русија против Украина која веќе однесе неколку животи силно го осудуваме – истакна Ковачевски.

Според него, ваквите потези на Русија се прекршување на меѓународното право и закана за евроатланската безбедност.

Во овие турбулентни времиња, сакам да ве уверам дека безбедносната состојба во земјата е стабилна и дека во овој момент не постои директна закана за безбедноста на Северна Македонија. Владата внимателно ќе ја следи состојбата во Украина и редовно ќе ги информира граѓаните – кажа премиерот.

Како што вели тој, Македонците треба да се спокојни, бидејќи како членка на НАТО, „ние уживаме и можеме да сметаме на заштитата која ја нуди најмоќниот одбранбен сојуз во светот“.

Ве уверувам, нашата земја е безбедна! – вели тој.

Според Ковачевски, најголемите предизвици за државата се економските.

Поради воените дејствија, глобалната економска и енергетска криза се продлабочува. Не очекува неизвесна година, каде економијата во Европа и светот ќе претрпи штети. Ги следиме од блиску промените во светските економски текови и ќе делуваме во интерес на заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Владата ги овозможи сите ресурси и енергија да се пренасочат кон справување со кризата и економска поддршка за граѓаните и стопанството. Ги покачуваме платите, ќе се покачат пензиите и финансиски ги поддржуваме компаниите“ додава тој.

Тој вели дека Владата ќе работи за заштита на економијата, на животниот стандард на граѓаните, а секој денар од буџетот ќе биде насочен за полесно да го пребродиме овој бурен период од нашата историја.

 

 

 

 

Извор/СлободенПечат

Фото/МИА

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top