Косовскиот претседател ја откажа посетата на Македонија

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ја откажа посета на Македонија, предвидена за денеска, соопшти синоќа неговиот кабинет.

Fatmir Sejdiu
Фатмир Сејдиу

Претседателот на Косово Фатмир Сејдиу ја откажа посета на Македонија, предвидена за денеска, соопшти синоќа неговиот кабинет.

Fatmir SejdiuПричина за откажувањето, како што соопшти кабинетот на Сејдиу, е што македонската страна го променила карактерот на посетата од официјална во работна.

Кабинетот на македонскиот претседател синоќа изрази „жалење за неостварувањето на средбата“ меѓу претседателот на Македонија Ѓорге Иванов и претседателот на Косово Фатмир Сејдиу.

„Претседателот на Македонија е цврсто посветен на развивањето добри билатерални односи со соседите, како и на развојот на регионалната соработка помеѓу балканските држави и верува дека односите помеѓу Македонија и Косово имаат голем потенцијал и ќе се интензивираат и продлабочат во блиска иднина“, соопшти кабинетот на Иванов.

Косовскиот претседател требаше да биде првиот странски државник, кој ќе биде примен од новиот македонски претседател по инаугурацијата, на која Сејдиу не присуствуваше.

Кабинетот на Сејдиу соопшти дека властите во Приштина остануваат посветени на добри односи со сите земји, особено со соседите.

 

{loadposition content9}}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top