Косово бара од Македонија да прекине субвенционирање авиобилети

Косовската Влада покренала жалба против Македонија пред Европската комисија, барајќи земјава да ја прекине праксата на субвенционирање на авиобилети, јавува приштински КТВ.

aerodorom ohrid
аеродром охрид

Косовската Влада покренала жалба против Македонија пред Европската комисија, барајќи земјава да ја прекине праксата на субвенционирање на авиобилети, јавува приштински КТВ.

aerodromСпоред косовските власти, македонската страна на овој начин ја нарушува конкурентноста според европските правила. Официјални претставници на косовската Служба за цивилна авијација изјавиле дека очекуваат набрзо ваквата жалба да добие позитивна разврска.

Од Министерството за транспорт и врски инфрмиртаат дека во однос на информациите дека Косово ќе ја тужи Македонија заради субвенционирање на авиокомпании, постапката за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници беше внимателно анализирана пред да биде спроведена и истата е во согласност со европското законодавство и принципи.

Исто така, Уредбата за доделување на финансиска поддршка на домашни авиопревозници и постапката за доделување на финансиска поддршка се во согласност со насоките на Заедницата за финансирање на аеродроми и почетна помош на авиопревозници кои оперираат од регионалните аеродроми (Community guidelines of financing of airports and start-up aid to airlines departing from regional airports (2005/C312/01)).

Министерството за транспорт и врски, на барање на Министерството за инфраструкура на Косово уште во 2012 година испрати допис во кој се образложени меѓународните правни норми врз основа на кој се спроведува проектот за доделување на финансиска поддршка за авиопревозници, од каде е јасно дека не е прекршено европското законодавство.

Владата на Република Македонија и во наредниот период ќе продолжи со имплементирање на проектот за финансиска поддршка на авиокомпании со цел зголемување на бројот на директни летови до европските дестинации и овозможување на попристапни цени за патниците во Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top