Конгрес на офталмолози во Охрид

Охрид Француски  офтамотолог, во Охрид презентира нова метода во лекување на кератаком

pregled
преглед

На вториот национален конгрес на офтаматолозите со меѓународен карактер учествува и францускиот специјалист, Проф. д-р Жил Ренар од Париската Универзитетска  Клиника „Отел Дие“.Тој  ја презентираше новата метода во лекување  на  кератаконусот. Цената на чинење на методата во Франција изнесува околу 1200 евра.  

Кај нас кератоконусот не се оперира и вообичаено се чека негово созревање до 4 –ти степен, па потоа пациентите се праќаат на операција цо странство.
Со методата на професор Ренар ова лекување се оперира во првиот стадиум ,со што се стопира прогресијата на кератаконусот.
Истакнатиот професор Ренар потенцираше дека на конгресот стекнал впечаток дека македонската офтоматологија има направено прогрес, иако годишно надвор од Македонија се лекуваат околу 60 пациенти.

pregled– Бидејќи 2009-та е прогласена за година на офталмологијата, се очекува голем стручен и научен интерес за различните теми содржани во конгресната програма, соопшти Здружението на офталмолози на Македонија, организатор на конгресот во Охрид.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top