Националната конференција со меѓународно учество, ЕТАИ 2009, од областите на електроника, телекомуникации, автоматика и информатика денеска свечено ќе биде отворена во Охрид.
Годинешнава ЕТАИ 2009 е деветта од серијата конференции организирани од Здружението за ЕТАИ на Република Македонија.
Нејзината намена, сообразно со нејзиниот заемно-дисциплинарен карактер е изучување и експанзија на теориските и апликативните аспекти во електрониката, телекомуникациите, автоматиката и информатиката.
Оваа година ЕТАИ 2009 има мулти-конференциско издание, заедно со неа ќе се одржат и конференциите ETAI AAS 2009 и IFAC DECOM-TT 2009.
Според најавите, на трите конференции, годинава ќе присуствуваат околу 300 учесници од земјава и од странство и ќе бидат презентирани преку 250 научни и стручни трудови.
На конференцијата што ќе трае до 29. септември ќе се одржат и шест пленарни предавања од врвни научници со светско реноме во областите ЕТАИ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град