Министерството за одбрана соопшти дека колона од контингентот на АРМ вчера во Таџи, Ирак, во раните утрински часови по локално време налетала на импровизирана експлозивна направа.
Министерството за одбрана соопшти дека колона од контингентот на АРМ вчера во Таџи, Ирак, во раните утрински часови по локално време налетала на импровизирана експлозивна направа.
Притоа, направено е незначително оштетување на едно моторно возило од колоната, без никакви последици по животите и здравјето на припадниците на АРМ.
Експлозивната направа била поставена на работ на патот по кој се движела колоната борбени моторни возила од типот HMMWV – М114 („хамви“). По извршување на увидот и известувањето на претпоставената команда, колоната безбедно се вратила во базата во Таџи.
„Сите припадници на АРМ кои во моментов се распоредени на извршување задачи во мисијата „Слобода за Ирак“ во Ирак, се чувствуваат добро и продолжуваат со извршување на редовни задачи во рамките на мисијата“, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град