Колку ѓубре прават македонците?

Вкупното количество создаден комунален отпад во Република Македонија во 2013 година изнесува 792.785 тони, а годишното количество создаден комунален отпад по жител изнесува 384 килограми, што е за 0,6 отсто повеќе од истото количество во 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика.

tabela
табела

tabelaВкупното количество создаден комунален отпад во Република Македонија во 2013 година изнесува 792.785 тони, а годишното количество создаден комунален отпад по жител изнесува 384 килограми, што е за 0,6 отсто повеќе од истото количество во 2012 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Оттаму информираа дека вкупното количество собран комунален отпад во Македонија во 2013 година изнесува 554.938 тони. Споредено со 2012 година, вкупното количество собран комунален отпад во 2013 година бележи намалување од 0,1 отсто. Од вкупното количество собран комунален отпад, 439.571 тон или 79 отсто се собрани од домаќинствата, а преостанатите 21 отсто од правни и од физички лица (комерцијален отпад).

Најголемо количество собран комунален отпад е забележано во скопскиот регион, 147 220 тони или 26,5 отсто од вкупното собрано количество во земјава.

Целокупното количество собран комунален отпад (100%) се отстранува на депонија и не се спроведуваат други операции за постапување со комуналниот отпад.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top