Кој ќе преживее ќе раскажува

Пациент со срцев удар ако побара помош кај матичен лекар, кој, обично, му е најблиску, нема да може да го добие неопходниот лек „нитроглицерин“ и ќе треба да биде препратен на специјалист, но додека да стигне до таму може да умре. Ова е еден апсурд што произлегува од посебниот режим за препишување лекови од позитивната листа.

 |  Маја Савиќ  | 
apteka
аптека

aptekaПациент со срцев удар ако побара помош кај матичен лекар, кој, обично, му е најблиску, нема да може да го добие неопходниот лек „нитроглицерин“ и ќе треба да биде препратен на специјалист, но додека да стигне до таму може да умре. Ова е еден апсурд што произлегува од посебниот режим за препишување лекови од позитивната листа, според кој „нитроглицеринот“ може да го даде само специјалист, а не и матичен лекар. – Режимот за препишување лекови што произлегува од позитивната листа има апсурди што мора да се променат и тоа ќе се направи во соработка со коморите и со Фондот за здравство за еден месец – вели Илчо Захариев, директорот на Бирото за лекови. Тој објаснува дека до тогаш пациентите, пред се, хроничните болни, што досега имаат добиено мислење од специјалист или од супспецијалист, без разлика колку е тоа старо, ќе може да ја добиваат редовната терапија. – Аптекарите немаат право да бараат пациентот да им го покажува ова мислење, туку доволно е на задната страна на рецептот да пишува по чија препорака се дава лекот и тука треба да има уште еден печат од матичниот лекар – објаснува Захариев. Ова значи дека сега кај специјалист или кај супспецијалист ќе треба да отидат тие што досега немаат добиено вакво мислење. – Еднаш добиеното мислење важи се додека пациентот не треба да направи повторна контрола. Но, сепак, има ситуации, на пример како со лекот „нитроглицерин“, кои треба да се исправат – вели Захариев. Нејаснотиите со издавањето лекови се појавија откако Фондот за здравство почна да им наложува на аптеките да бараат пациентите да им го покажат стручното мислење што го добиле од специјалист. Во Фондот објаснија дека тоа го правеле за да може да ги контролираат матичните лекари, кои, според нив, неовластено издавале лекови што не се во нивна надлежност. Професори од Медицинскиот факултет реагираа дека со ова Фондот сака да ја компликува постапката за издавање лекови и на индиректен начин да ги натера пациентите да се откажат од земањето на оваа терапија, со што ќе заштеди. Министерот за здравство, Бујар Османи, по реакциите на пациентите, завчера од Барселона пратил порака до ФЗО дека што побрзо треба да се реши проблемот затоа што не бил погоден политичкиот момент за да се бранува јавноста за прашања што се од суштинско значење на граѓаните.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top