Клеветата и навредата се декриминализираат

Владата и ЗНМ постигнаа согласност клеветата и навредата да бидат тргнати од Кривичниот законик, а оваа материја да се регулира со посебен граѓански закон.

 |   | 
news
вести

ЗНМ и Владата се на чекор до декриминализација на клеветата и навредата. Сега се пеглаат одредени ставови, како тоа колку да изнесува паричната казна, како да се дефинира навредата, но од ЗНМ и од Владата најавуваат дека за една недела ќе излезат со конкретен текст на законот.
„Клеветата и навредата се бришат од кривичниот законик, ќе се регулираат со посебен граѓански закон, имаме начелен став дека казната треба да се ограничи, прашање на договор е колку ќе биде казната.“-Насер Селмани,ЗНМ.
news

Со Законот кој засега се вика Закон за граѓанска одговорност за клевета и навреда се укинува казната затвор која за клевета изнесуваше до 3 години, а за навреда до една година затвор, што значи дека според новиот закон, ако некој новинар биде осуден за клевета или навреда, нема да биде криминалец и тоа нема да му влегува во досие.

Со новиот закон се редефинира клеветата и наместо како што беше досега некој да се казнува за изрекување на невистинити нешта, сега ќе биде за невистинити факти. Се уште не е дефинирано што ќе се подразбира под навреда. Од ЗНМ велат дека новиот закон треба да ги направи новинарите поодговорни.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top