Доколку дефинитивно се направи договор за снимање во земјава, би работеле од 2011 година
Трилогија од кинеската митологија ќе биде снимена во Македонија. За време не Канскиот филмски фестивал, македонскиот Филмски фонд разговарал со кинески продуценти кои биле заинтересирани да направат сцени во земјава.
-Најсериозна е компанијата која се спрема да снима трилогија од кинеската митологија, или, како што кажа продуцентот кинески “Господар на прстените”. Филмот сакаат да го продуцираат и со компанијата “Сони”, но се уште се е на база на разговор. Доколку дефинитивно се направи договор за снимање во земјава, би работеле од 2011 година. Тие како продукција снимаат по десетина филмови годишно, но и телевизиски и други проекти”, велат од Филмскиот Фонд.
Тие велат дека освен кинескиот Господар на прстените имале неколку интересни состаноци со други компании што сакаат да снимаат во Македонија. Дефинитивните договори допрва ќе следуваат.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град