Вакцината на „Новартис“ е единствена вакцина која беше понудена на тендерот и е во одобрените вакцини од Европската медицинска агенција.
Компанијата „Кемофарм“ од Скопје, која е овластен дистрибутер за Македонија на фармацевтскиот производител „Новартис“, е избрана за најповолен понудувач за набавка на вакцината против вирусот тип А (Х1Н1), реши Комисијата за јавни набавки при Министерството за здравство.
– Вакцината против вирусот тип А (Х1Н1) на „Новартис“ е единствена вакцина која беше понудена на тендерот и е во одобрените вакцини од Европската медицинска агенција (ЕМЕА) за дистрибуција во земјите од Европската унија. На повикот на Министерството за здравство на Република Македонија воопшто не беа понудени другите вакцини, одобрени од ЕМЕА, соопшти Министерството за здравство.
Првите 100.000 дози од вакцината која штити од вирусот на новиот грип ќе пристигнат во ноември, а дополнителни 100.000 дози се очекуваат во декември. Преостанатите количини од вакцината (600.000 дози) треба да пристигнат во јануари 2010 година. Согласно со препораките на Светската здравствена организација и одобрението од ЕМЕА, вакцината се дава во две дози.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град