Ќе се затвораат локали на две недели ако некој запали цигара

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе затвораат на 7 или 15 дена одреден објект – кафеана, кафетерија, ноќен бар, кафе бар, кабаре, диско клуб или пивница, доколку утврдат дека во него се пуши.

 |   | 
smoking
пушење ноќен клуб

smokingИнспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе затвораат на 7 или 15 дена одреден објект – кафеана, кафетерија, ноќен бар, кафе бар, кабаре, диско клуб или пивница, доколку утврдат дека во него се пуши. Ова право на припадниците на ДПИ им го овозможуваат најновите измени на Законот за пушење, кои доцна синоќа ги изгласаа пратениците во Собранието.
– Во Македонија се пушат околу 11.000 тони цигари, што е 5,5 килограми цигари по поединец. Над 40 отсто од популацијата пуши, 20 отсто од средношколците, а старосната граница е спуштена под 14 години. Со оглед на овие фрапантни податоци, беспредметно е да расправаме дали треба да се  усвојат построги мерки за примена и почтиување на Законот – рече заменик-министерот за здравство, Владимир Поповски.
Тој во името на владечкото мнозинство им реплицираше на опозициционерите, кои без исклучок овие законски измени ги оценија како строги, но и неостварливи во пракса. Тие велат и претходната верзија на овој закон довела до опасност многу мали и средби бизниси, пред се угостителски објекти. Плус, тие забележуваат дека законот се спроведува делумно во Скопје, но тоа не е случај во другите градови низ државата, посебно во Западна Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top