Ќе се укинуваат студиски програми кои создаваат суфицитарен кадар

Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика им сугерираат на универзитетите да ги намалат квотите на факултетите за општествени науки, бидејќи нема каде да се вработи тој кадар.

 |   | 
profesii
profesii

Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика им сугерираат на универзитетите да ги намалат квотите на факултетите за општествени науки, бидејќи нема каде да се вработи тој кадар.
profesii

Анализата за потребите на пазарот на труд во однос на квотите за упис на факултетите, која ја изработија министерствата заедно со Агенцијата за вработување, покажува дека има дефицит на студиските програми претежно од техничките факултети, а суфицит кај општествените и кај хуманитарните науки.

Да се укинат факултетите за општонародна одбрана и заштита и за јавна администрација, а да се стават во мирување педагошката академија и факултетите за социјална политика и за македонска и јужнословенска книжевност. Во исто време да се намалат квотите за студенти на Економскиот и на Правниот факултет и на факултетите по историја, туризам, шумарство, хемија, македонски јазик, историја и географија, бидејќи за овој кадар нема работа.

Дефицитарни струки за кои постои побарувачка на пазарот на труд се техничките и медицинските науки, а има потреба да се зголемат и квотите за студиите за програмер, градежен инженер, фармацевт и професори по математика.
Министрите Панче Кралев и Спиро Ристевски велат дека оваа анализа е намената за средношколците кои треба да знаат што се бара на пазарот на трудот пред да аплицираат на факултетите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top