Казни од 500 до 1.000 евра ќе заработат фирмите што до 1 април годинава нема да пријават имејл-адреса во Централниот регистар
Ова е предвидено со дополнувањата на Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистарот на други правни лица. Во законот се предвидува и глоба во износ од 250 до 500 евра за управителите на фирмите што нема да ја исполнат оваа законска обврска.
„Субјектите на упис запишани во трговскиот регистар и регистарот на други правни лица се должни најдоцна до 1.4.2011 година да поднесат пријава за упис на адреса на електронско сандаче за достава на писмени и други податоци, кои се донесуваат во електронска форма преку едношалтерскиот систем“, пишува во законот.
Целта на ваквото решение е да се намалат трошоците за достава на известувањата и на документите од Централниот регистар. Оттаму информираат дека пријавата на имејл-адресите се врши со пополнување на едноставен образец и додаваат дека до 1 април пријавувањето е бесплатно, а дека подоцна ќе чини 500 денари. Со оглед на тоа што во Македонија има над 50.000 фирми, неизбежно е прашањето колку од нив воопшто користат Интернет и дали имаат свое електронско сандаче.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град