Кастрење на буџетот

Кратење на приходите и расходите за 3,2 проценти, се предвидува со новиот ребаланс на буџетот, прифатен на вчерашната владина седница.

Zoran Stavreski
Зоран Ставрески

Кратење на приходите и расходите за 3,2 проценти, се предвидува со новиот ребаланс на буџетот, прифатен на вчерашната владина седница.

logoСо ребалансот, кој дополнително треба да биде усвоен од Собранието, ќе бидат сопрени капитални инвестиции и проекти, а ќе нема ни нови вработување во државната администрација освен оние што се однесуваат за еврооинтегративните процеси и за исполнување на обврските од Рамковниот договор.

Со најновите владини пресметки, целосно ќе се стопира набавката на нови автобуси, ќе се одолжи и доградбата на стадионот “Филип втори“, одложена е и изградбата на музејот на ВМРО и жичарата.

Според најновите пресметки, приходите во буџетот се 138,459 милијарди денари, а расходите 149,594 милијарди денари.

Дефицитот останува во претходно проектираните рамки со извесно намалување од околу 300 милиони денари, односно тој ќе изнесува 2,8 проценти од БДП.

Со овој ребаланс, владата предвидела 684 милиони денари за плати за државната администрација, што преставува намалување од седум отсто. Драстично намалување ќе има и кај трошоците за дневници и службени патувања.

Презентирајќи го ребалансот на буџетот, вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставревски, најави дека социјалните трансфери остануваат непроменети, така што ќе биде редовна исплатата на пензиите и другите социјални надоместоци. Доколку за административците нема да има зголемување на платите, владата и покрај кризата ќе обезбеди средства за зголемување од два отсто на пензиите.

Исто така, со ребалансот се предвидува и продолжување на набавката за лекови и вакцини против новиот грип А / Х1Н1. Пари ќе бидат издвоени и за набавка на противпожарни авиони и возила.

Ставревски вели за да се остварат предвидувањата односно проекциите во новиот ребаланс ќе биде потребно да се намали внатрешно задолжување. Односно од претходните шест милијради денари , сега за внатрешно задолжување се предвидени 4,436 милијарди. Останатите пари за потребите на буџетот ќе бидат добиени од еврообврзницата, со што смета Ставревски дека ќе се покрие целокупниот буџет.

Се предвидува дека стапката на раст на крајот од годината ќе биде негативна и ќе изнесува минус 0,6 отсто.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top