Какво богатство крие депонијата „Дрисла“?

Перница полна со злато, чанта со документи, пари – сите овие работи граѓани по грешка ги фрлиле во ѓубре и потоа оделе да ги бараат или во камионите на “Kомунална хигиена” или на депонијата “Дрисла”, пренесува “Дневник”.

drisla
дрисла

Перница полна со злато, чанта со документи, пари – сите овие работи граѓани по грешка ги фрлиле во ѓубре и потоа оделе да ги бараат или во камионите на “Kомунална хигиена” или на депонијата “Дрисла”, пренесува “Дневник”.

drislaНа никој од нас не му е пријатна миризбата на ѓубрето знаејќи што се’ се крие во него, но кога се во прашање скапоцени предмети или документи што завршиле таму, секој е подготвен да пробуричка за да ги најде.

Портпаролот во јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ Ана Марија Бранѓолица вели дека досега повеќе пати се случило вработените да пронајдат пари или скапоцени предмети во сметот. Во неколку случаи сопствениците на фрлените богатства ги алармирале по телефон за направената грешка.

„Така, еден човек ни јави дека 10.000 евра завиткани во нешто не сакајќи биле фрлени во ѓубре. Kамионот кој го собираше сметот во реонот од каде што се јави сопственикот беше проверен. Целиот камион беше испразнет од ѓубрето и парите биле најдени. На гробиштата во Бутел, уште кога наместо евра, беа германските марки, наши вработени кои чистеле таму нашле паричник во кој имало многу пари, неколку илјади марки. Паричникот со парите му беше вратен на сопственикот, а тој симболично ги награди нашите вработени“, раскажува Бранѓолица за „Дневник“.

drislaТаа додава дека вработените пронаоѓаат и вредни предмети и накит фрлени во контејнерите, но поретко. Во такви случаи веднаш се алармира најблиската полициска станица.

„Нашите вработени секојдневно наоѓаат разни предмети, документи, како и лични карти“, потенцира Бранѓолица.

Во депонијата „Дрисла“ за „Дневник“ раскажаа дека досега во неколку случаи граѓани доаѓале да си ги бараат вредните предмети и златото.

Портпаролот во јавното претпријатие „Kомунална хигиена“ Ана Марија Бранѓолица советува граѓаните да не чекаат доколку сфатат дека фрлиле скапоценост, туку што побрзо да пријават во „Kомунална хигиена“.

„Граѓаните што се сомневаат дека фрлиле предмети, документи, пари или нешто друго, треба да се јават на телефонскиот број 3216-644, кој е на располагање од 7 до 19 часот. Во потесните улички одат помали камиони, од каде што потоа ѓубрето во претоварните станици се префрла во поголеми камиони, кои одат во депонијата „Дрисла“. Поради тоа, ако се јават подоцна, барањето на она што е загубено ќе биде потешко. Kога ѓубрето е во помали количини, тогаш и пронаоѓањето е полесно. Секогаш излегуваме во пресрет“,вели таа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top