Како да одредите кој оператор е најповолен за Вас?

АЕК со нов сервис кој ги споредува понудите од операторите.

 |   | 
mob
mob

Агенцијата за електронски комуникации изработи софтвер за Преглед на понуди чија цел ќе биде да ги заштити македонските корисници на телекомуникациски услуги. Според директорот на АЕК, Роберт Орданоски, благодарение на оваа услуга граѓаните сега ќе можат, со помош на унифицирани параметри и цени, на едно место, да го изберат пакетот на услуги од постоечките оператори, според средствата кои што ги имаат на расплагање.

„Ја воведовме услугата Преглед на понуди бидејќи сакаме во целост да им излеземе во пресрет на граѓаните и да ги заштитиме од можните замки, скриени трошоци и нецелосни информации, при избор на оператор од фиксната и мобилната телефонија, телевизија и интернет“, вели г. Орданоски.

АЕК оваа услуга ја постави на веб сајтот www.komuniciraj.mk , и ги содржи сите понуди на сите оператори во мобилната и фиксната телефонија, на интернет провајдерите и радио и ТВ дифузерите. Покрај ова, корисниците на веб сајтот ќе може да поставуваат прашања за работата на Агенцијата која е должна да им одговори во рок од еден ден. Корисниците исто така ќе можат да доставуваат приговори и во електронска форма.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top