Македонското население се храни избалансирано во однос на консумирањето житарки, леб, млечни и месни производи, овошје и зеленчук, но не внесува доволно риба, свежо овошје и зеленчук, интегрални производи од житарки, ореви и семки, покажуваат анализите на Републичкиот завод за здравствена заштита.

Месните преработки во секојдневната исхрана се застапени со околу 21 отсто, а на мастите, маслата и слатките отпаѓа поголем процент. Сол во просек се внесува од 10 до 16 грама дневно што е висока количина ако се земат предвид препораките.
Според анализите, Македонците дневно пијат по три милилитри ракија, шест милилитри вино, 40 милилитри пиво, 90 милилитри, газирани пијалаци и 60 мл. минерална вода.
Од аспект на нутритивната вредност, дневно се внесуваат 2.841 килокалории или просечно, 85,9 грама белковини (37,8 грама од животинско и 48 грама од растително потекло), 363,4 грама јаглехидрати (моно и дисахариди 106 грама, 257 грама полисахариди), 45,6 грама сахароза и 116 грама масти.
Процентуалното учество на мастите во дневниот оброк е 36,7 отсто (повеќе од препорачаните 30 проценти), а на растителните влакна отпаѓаат околу 27 грама. Вкупниот внес на холестерол е во рамки на препораките, под 300 милиграми дневно.
Минерално-витаминскиот состав на просечниот дневен оброк во Македонија може да ги задоволи дневните потреби и нема значајни отстапувања освен кај натриумот кој е во изклучителни високи концентрации од 9.148 милиграми (се препорачува 500 до 2.500 милиграми). Ова се должи на внесувањето конзервирани солени храни – сувомесни производи, конзервиран зеленчук и повеќе готварска сол.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град