Каде завршуваат македонските икони?

Украдените икони од македонските цркви се продаваат на тајни аукции во Западна Европа и завршуваат во приватни колекции, вклучувајќи ги и оние на руските тајкуни, пренесува „Вечер“.

ikoni
икони

Украдените икони од македонските цркви се продаваат на тајни аукции во Западна Европа и завршуваат во приватни колекции, вклучувајќи ги и оние на руските тајкуни, пренесува „Вечер“.

Ова за српските медиуми го изјавил кустосот од Галеријата на фрески од Охрид, Милчо Георгиевски, кој посочува дека собирно место за украдените артефакти и од средновековните цркви, но и од и археолошките локалитети е Албанија.

ikoni“Македонските власти веруваат дека кражбите на православните верски артефакти во нивната земја се организираат од Албанија, со помош на развиена мрежа соработници. Крадците најмногу се интересираат за црквите во западниот дел на државата, кој се граничи со Албанија, и каде што поголемиот дел од населението е албанско”, пишува српски Блиц”.

Весникот го цитира охридскиот кустос, кој вели дека поголемиот дел од црквите кои се мета на крадците се наоѓаат во напуштени села. Немаат сигурносни аларми и секој може да ја отвори врата со удар. Тоа се идеални услови за крадците”, изјавува Георгиевски за весникот.

“Блиц” појаснува дека во земјата со 2,1 милиони жители се украдени цели олтари, крстови, библии, светила, а последната голема кражба се случила во април во црквата “Св. Ѓорѓи” во Лазарополе, од која се украдени 30 икони, од кои 23 се на Дичо Зограф, еден од најпознатите фрескописци од 19 век.

Во текстот се наведува дека според податоците на македонското Министерство за култура околу 200 цркви и манастири се регистрирани како национално богатство, а две третини од нив се многу слабо обезбедувани.

Во многу случаи, локалните цркви самите ги блокираат намерите за преместување на вредните дела на друго место.
Медиумите објавија дека лани во октомври полицијата во Албанија заплени 1077 украдени икони, фрески и други верски уметнички дела кои датираат од 15 до средината на 20 век, од кои повеќето со потекло од Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top