Кабелските оператори треба да ги обноват договорите со претплатниците

Задолжителна листа со телевизиските програми со уредени авторски права ќе мора да содржат претплатничките договори што ќе ги склучуваат кабелските оператори со корисниците, пренесува „Утрински весник“.

logo
Лого

Задолжителна листа со телевизиските програми со уредени авторски права ќе мора да содржат претплатничките договори што ќе ги склучуваат кабелските оператори со корисниците, пренесува „Утрински весник“.

Со новиот Правилник за општи услови што го усвои Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) на последната седница, операторите се обврзани да ги обноват договорите со претплатниците и во нив да ги наведат каналите.

– Во моментот кога ќе потпишете претплатнички договор со некоја кабелска или со некој друг комерцијален провајдер тој се обврзува на листа на канали кон крајниот корисник, што подразбира дека треба да си ја сработи домашната работа во однос на обезбедувањето на авторските права. Ако тоа не е обезбедено во тек на траењето на претплатничкиот договор корисникот може веднаш да го раскине, што не беше случај досега. Телевизиските оператори досега беа во состојба да ја менуваат содржината, но сега веќе не можат да го прават тоа, рече денеска на прес-конференција директорот на АЕК Роберт Ордановски.

каналиСпоред него, ако биде исклучен некој од каналите за чие емитување се обврзал операторот во договорот, корисникот има право веднаш да го раскине, без никакви пенали. – Пенали ќе нема за прекинување на претплатнички договор ако е по вина на операторот, потенцира Орданоски.

Новина согласно Правилникот е и начинот на контрола на трошоците при користење интернет и разговори во роаминг. Во случај претплатникот да надмине сметка за интернет во роаминг од 1.000 денари операторот задолжително го известува за тоа и го прашува за согласност за натамошно користење на услугата. Ограничувањето за разговори во роаминг е 3.000 денари по што исто така корисникот добива прашање дали сака да го продолжи сервисот.

– Досега имаше голем број случаи кога корисниците не се свесни дека нивните телефони „сурфаат“ додека се на пат, потоа доаѓаат до АЕК, а немавме никаква законска основа како да ги прифатиме тие приговори. Сега се создаде законската основа и ќе немаме такви случаи, рече Орданоски.

Со Правилникот се уредува и содржината на претплатничкиот договор за интернет и се прецизира дека брзината не смее да биде побавна под 50 проценти од понудената при рекламирање.

Операторите нема да можат ниту да нудат договори со траење повеќе од 24 месеци и се обврзани 30 дена пред истекот да го информираат претплатникот за тоа. На тој начин, според АЕК, ќе се надмине проблемот со автоматско продлжување на договорите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top