Јана Ивановска е милионитиот патник на скопскиот аеродром

„ТАВ Македонија”, компанијата која е дел од водечкиот аеродромски оператор, холдингот „ТАВ Аеродроми”, на 28 октомври, го пречека милионитиот патник на аеродромот „Александар Велики” во Скопје со церемонија за доделување на награда.

JAna Ivanovska
Јана Ивановска

„ТАВ Македонија”, компанијата која е дел од водечкиот аеродромски оператор, холдингот „ТАВ Аеродроми”, на 28 октомври, го пречека милионитиот патник на аеродромот „Александар Велики” во Скопје со церемонија за доделување на награда.

JAna IvanovskaМилионитиот патник се сретна со раководството на „ТАВ Македонија” и доби целосно платено викенд-патување за двајца во Истанбул.

Генералниот директор на „ТАВ Македонија”, Зоран Крстевски, на свеченоста изјави:

– „ТАВ Македонија” покажа одличен успех на скопскиот аеродром со 1 милион услужени патници во првите десет месеци од оваа година. Навистина ни е задоволство што ја постигнавме оваа пресвртница на аеродромот ,,Александар Велики” – Скопје, како резултат на нашите услуги кои се ориентирани кон патниците.  Поради оваа причина, ја добиваме и наградата за квалитет на аеродромските услуги на Меѓународниот совет на аеродроми веќе две години по ред. Нашиот деловен концепт докажа дека им даваме важност на патниците и на авиопревозниците со највисок квалитет на услуги.”

Крстевски додаде дека нивната цел е да се зголеми бројот на нови дестинации и летови, како и повеќе и подобри комерцијални услуги, како услуги за храна и пијалоци со БТА- операторот на Cakes and Bakes, АТУ – операторот на бесцаринските продавници, редовната автобуска линија со Скопје, такси услугите, агенциите за изнајмување возила, и интернет-услугите.

pres konferencijaАлпер Ерсој, заменик-генералниот директор за операции на „ТАВ Македонија”, изјави дека откако компанијата го презеде управувањето со аеродромот, бројот на превезени патници, бројот на нови авиолинии и дестинации е во континуиран пораст.
-Порастот на бројот на патници на годишно ниво особено се засили по 2010 година. Ако во  2009 година само 599.519 патници патувале низ скопскиот аеродром, помеѓу јануари и октомври годинава дочекавме еден милион патници. Бројот на патници се зголеми за 66 отсто во изминатите пет години, изјави Ерсој.

Тој нагласи дека од почетокот на раководењето со скопскиот аеродром, компанијата ја прошири мрежата на летови со нови авиопревозници и нови дестинации, при што  моментално има директна авиолинија со 26 градови во Европа, како и со Дубаи.
-Успехот на „ТАВ Македонија” се заснова особено на знаењето, мрежата и маркетиншката стратегија кои ги има компанијата, рече Ерсој, додавајќи дека компанијата ќе продолжи да соработува со Владата, со владините институции и со авиопревозниците со цел понатамошно да ги развие аеродромите во Скопје и Охрид.

Покрај дводневното сместување за двајца во хотел во Истанбул и вечера во екслузивен ресторан, среќниот милионити патник доби и ваучер за шопинг во фришопот во вредност од 200 евра, како и обезбедени бесплатни услуги во бизнис-салоните во рамки на аеродромот.

„ТАВ Македонија” во 2010 година имаше вкупно 680.080 патници, во 2011 година – 759.928 патници, во 2012 – 828.831 патник, а минатата година – 980.729 патници.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top