Откако кексите „јафа“ на српската фабрика „Црвенка“ пред два дена биле повлечени од словенечките продавници поради „опасни состојки во амбалажата“, македонската Агенција за храна и ветеринарство вчера наложи тие да бидат повлечени и од продавниците во земјава.

Причината за повлекување на овој производ лежи во неисправната амбалажа, која може да биде опасна по здравјето. Картонската амбалажа, во која производителот Црвенка го пакува овој производи, содржи бензофенон и 4-метилбензофенон, кои може да навлезат во колачињата.
Според словенечкиот здравствен инспекторат, доколку овие хемиски соединенија навлезат во ресаната, може да бидат многу опасни по здравјето на луѓето, особено малите деца.
Предупредувањето се однесува на Јафа портокал 300 гр, Јафа портокал од 150 гр, Јафа вишна од 150 гр и Јафа лимон од 150 гр.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град