Извештајот за укинување на визите за Западен Балкан беше усвоен во Одборот на Европскиот парламент за граѓански слободи, правда и внатрешни работи.
Одборот, надлежен за подготовка на мислење за јулскиот предлог на Европската комисија за укинување на визите за Македонија, Србија и Црна Гора, од почетокот на идната година, во понеделник доцна вечерта го усвои извештајот на европратеничката Тања Фајон со само еден глас против и два воздржани.
„Се радувам што државјаните на Македонија, Србија и Црна Гора наскоро слободно ќе патуваат во Европската унија“, изјави Фајон, изразувајќи надеж дека на почетокот на наредниот месец, тоа ќе биде потврдено и од Европската комисија.
Известувачката за визната либерализација пратеничката од Словенија во извештајот се заложи за што поскорешно укинување на визите и за БиХ и Албанија, кои не се вклучени во предлогот на Европската комисија.
Одборот на граѓански слободи, правда и надворешни работи, прифати и компромисно дополнување во кое ЕК се повикува да започне дијалог за укинување на визите и со Косово, во склад со резолуцијата на Обединетите нации.
По усвојувањето во матичниот одбор за извештајот на Фајон треба да гласа Европскиот парламент, што најверојатно ќе се случи на пленарното заседание во ноември.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град