„Изгубени германци“ вечер во МНТ

Театарската претстава „Изгубени Германци“ работена по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски, премиерно вечeр во МНТ.

Izgubeni germanci
Изгубени германци

Театарската претстава „Изгубени Германци“ работена по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Слободан Унковски, премиерно вечeр во МНТ.

Izgubeni germanciОва е трета претстава на тандемот Дуковски- Унковски кои досега ги реализираа и претставите „Буре барут“ и „Другата страна“.
Со оваа претстава, воедно, режисерот Унковски се враќа, по осумгодишна пауза на сцената на МНТ, по поставувањето на последната претстава „Црнила“ во 2005 година.

Во неа улогите ќе ги толкуваат актерите: Камка Тоциновски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Ѕвезда Ангеловска, Јовица Михајловски, Јордан Симеонов, Оливер Митковски, Сања Арсовска и Емил Рубен, дел од кои вчера го споделија задоволството од меѓусебната соработка и од соработката со Дуковски и Унковски, гледајќи на претставата и како на голем предизвик за проверка или потврда на своите професионални квалитети.
Костимограф и автор на целиот дизајн на претставата е Бојана Никитовиќ од Белград, кореограф е Кренаре Невзати-Кери, а сценограф Виктор Михајлов.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top