Во пожарот што избувна околу 21 часот, целосно изгоре модуларната ковид-болница во Клиничкиот центар во Тетово.
Во пожарот што избувна околу 21 часот, целосно изгоре модуларната ковид-болница во Клиничкиот центар во Тетово.
Министерството за здравство потврди дека во пожарот има и жртви, но точниот број на загинати сѐ уште се утврдува.
Пожарот е веќе изгаснат, а повредените се транспортираат во Скопје.
Полицијата ги отстрани присутните и во секој момент се очекува да почне увидот кој треба да ја утврди причината за пожарот.
На терен е и министерот за здравство Венко Филипче, а таму е и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, која во кратката изјава рече дека исто така нема информации за жртви и повредени. Нејзините информации, рече таа, се дека пожарот избувнал многу бргу.
Извор/Фото-360Степени
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град