Настанот се случил утрово во 4 часот и 50 минути на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Настанот се случил утрово во 4 часот и 50 минути на магистралниот пат Гостивар – Кичево.
Според првичните наоди на истрагата, во поштенскиот камион имало меѓународна пратка на производи, кои требало да се достават до Охрид.
Утрово поштенските пратки за Охрид не стигнаа. Изгоре Камионот на „Македонски пошти“, додека се движел од Гостивар кон Кичево. Повредени нема. Државен истражен судија , заменик јавен обвинител и екипа СВР Гостивар, извршиле увид на местото на настанот. „Во моментров се работи на целосно расветлување на поединостите поврзани со случајот“, вели портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Од огнот изгореле кабината и целата содржина која се наоѓала во фургонскиот дел на Товарното возило „ман“ сопственост на „Македонски пошти“.
Според првичните наоди на истрагата, во поштенскиот камион имало меѓународна пратка на производи, кои требало да се достават до Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град