Изгласан законот за внатрешни работи

Собранието вчера попладне го изгласа дополнетиот Предлог на закон за внатрешни работи. Против гласаше опозицијата зашто, според нив, и покрај дополнувањето, текстот на законот не бил подобрен и не бил прифатен ниту еден нивни амандман.

logo
лого

policijaПратениците од опозицијата забележаа дека се работи за мали технички промени и сметаат дека законот е штетен, укажаа на опасност за кршење на човековите права поради концентрација на моќ во тајната полиција и ги оспоруваа дискрециските права на министерот за внатрешни работи за регулирање суштински работи.

Во попладневниот дел од 64. седница пратениците едногласно го усвоија и Годишниот извештај на Државниот завод за ревизија за 2008 година, кој содржи сумирани резултати од извршените ревизии во најзначајните области во јавниот сектор, буџет и буџетски корисници, здравство, судскиот буџет, Фондот за пернзиско осигурување, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top