Иванов ќе се обрати на Самитот во Копенхаген

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати пред учесниците на Самитот за климатски промени на ОН што се одржува во данскиот главен град Копенхаген.

Gorge Ivanov
Ѓорге Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе се обрати пред учесниците на Самитот за климатски промени на ОН што се одржува во данскиот главен град Копенхаген.

logoШефот на македонската држава ќе присуствува и на работниот ручек што за претседателите, премиерите и министрите учесници на Самитот го организира извршниот секретар на ОН задолжен за климата Иво де Бур.
На маргините на Самитот, македонскиот претседател ќе има средби и со своите колеги од Литванија Далија Грибаускаите и од Финска Тарја Халонен, а ќе се сретне и со албанскиот премиер Сали Бериша. Претседателот Иванов ќе присуствува и на вечерата приредена за шефовите на држави и влади од кралицата на Данска, Маргарета Втора и принцот Консорт.
По две години интензивни преговори, претставници од 192 земји во данската престолнина, од 7-ми овој месец разговараат за договорот за намалување на емисиите на штетните гасови.
Договорот од Копенхаген би требало да претставува темел за новиот пакт за намалување на глобалното затоплување што ќе го наследи Протоколот од Кјото, чија важност истекува во 2012 година.
Предлогот до 2050 година барем да се преполови светската емисија на штетни гасови има за цел да премости дел од големиот јаз меѓу богатите и сиромашни држави.
Меѓу 15.000 учесници на Самитот ќе се најдат и лидерите на двата најголеми светски загадувачи, Кина и САД – Ху Џинтао и Барак Обама. САД не се потписнички на Протоколот од Кјото, па затоа нивното учество во новиот договор се смета за многу важно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top