Иванов во Киев, Милошоски во Берлин

Паралено со контактите во Скопје, македонскиот државен врв ги користи можностите да лобира во прилог на разрешувањето на спорот со јужниот сосед и деблокирање на патот кон ЕУ и НАТО.

 |  Маја Савиќ  | 
Ivanov
Иванов

MiloshoskiПаралено со контактите во Скопје, македонскиот државен врв ги користи можностите да лобира во прилог на разрешувањето на спорот со јужниот сосед и деблокирање на патот кон ЕУ и НАТО.

Денеска, претседателот на Република Македонија  Ѓорге Иванов  ќе присуствува на инаугурацијата на новоизбраниот претседател на Република Украина, Виктор Јанукович.

Во Киев, Иванов ќе има куса билатерална средба со претседателот Јанукович, како и средби со други учесници на инаугурацијата.

Исто така, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска во Берлин ќе се сретне со неговиот германски  колега , Гвидо Вестервеле. Средбата ќе биде прва официјална на министерско ниво по изборот на либералот Вестервеле за министер за надворешни работи, кој во октомври 2009. година ја наследи функцијата од Франк Валтер Штајнмаер.

На агендата во Берлин е  интензивирањето на билатералните односи во сите области од заемен интерес, соопшти МНР.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top