Инвеститорите ја познаваат Македонија, заинтересирани за повеќе сектори

Добар дел од бизнисмените кои за прв пат присуствуваат на самитот покажале интерес околу бизнис потенцијалите кои ги нуди Македонија.

 |  Мишел Наумоски  | 
samit
самит

Големиот број на менаџери на странски фирми на глобалниот инвестициски самит според министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, е одлична можност со непосреден контакт да се привлечат инвеститорите. Самак смета дека ова е особено важно за бизнисмените и менаџерите кои за прв пат доаѓаат во земјата кои лично можат да се запознаат со тоа како може да се биде успешен во земјава, но и како да се најдат бизнис партнери за извоз.

investiciski samit„Има неколку странски менаџери кои што се прв пат дојдени во Македонија и постојано разговараме за тоа какви им се развојните планови и какви можности можеме да им понудиме во Македонија. Генерално секторите од каде што имаше досега најголем успех се автомобилската индустрија, машинската индурстија, прехрамбената индустрија и земјоделскиот дел каде што има се поголем интерес, како и делот каде што има медицински делови, тука гледаме зголемен интерес во тој сектор, така да тоа се накратко секторите.“-рече министерот за привлекување странски инвестиции, Веле Самак.

Според Џери Наумоф пак, исто така министер за привлекување на странски инвестиции одлична можност за инвестиции се и успешните македонски менаџери од дијаспората.

samit Ohrid„Мислам дека потенцијалот за инвестиции од дијаспората е голем. Тоа од неколку причини. Прво, не мора да им објаснуваме каде е Македонија, тие всушност знаат каде е, ја сакаат татковината и многу од нив се доста успешни. Бараат сигурни, да се осигураат дека инвестицијата ќе им биде заштитена и мислам дека преку доверба и транспарентност, но и едукација  за тоа какви политики се на располагање за заштита на бизнисите. Да се види дека луѓето како мене во владата, на највисоките нивоа имаме искуство со водење на бизниси. Можете и овде да најдете барем тројца од бордот на „Македонија 2025“ кои водат успешни бизниси во Македонија во моментот.“-вели министерот за привлекување инвестиции, Џери Наумоф.

Вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски вели дека овој глобален инвестициски самит оди во чекор со развојните планови на Владата на Република Македонија.

investitori„Овој настан е комплементарен со сите стратегии на Владата на Република Македонија, со работата на Националниот совет за конкурентност и претприемништво, и сето она што го правиме со цел да се зголеми конкурентноста на македонската економија. Во изминатата година, Македонија напредуваше за најмногу места од изминатите десет години, за седум места на листата на глобална конкурентност и веруваме дека со идеите и она што ќе го слушнеме тука ќе продолжиме во истата насока. Се разбира сите добро поставени политики се комплементарни една на друга. Она што очекуваме покрај делот за добивање на идеи за подобрување на конкурентноста е да и пред некои од инвеститорите кои се присутни ја презентираме Македонија, ги запознаеме нашите инвестициски можности и да се надеваме. Се разбира да работиме во насока да ги привлечеме и тие да инвестираат и отворат нови работни места.“-изјави вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски.

Пешевски додава дека Македонија, на патот до Европската унија, нуди дури и подобри идеи и системски решенија од поголемиот број на држави во  унијата, со што несомнено докажува дека припаѓа во големото европско семејство.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top