Во ова тешко време кога притисоците врз нашата земја го достигнуваат врвот и го загрозуваат македонскиот идентитет и суверенитет, ИНТЕГРА – Македонската конзервативна партија објавува ПРОГЛАС до македонскиот народ.
Интегра – Македонската конзевативна партија ги повикува македонците да застанат рамо до рамо сплотени во заедничката борба да ја сочуваме татковината Македонија и да останеме „свои на своето“ во неа.
Македонија, нашата единствена татковина се наоѓа во сериозна опасност за своето постоење. Екстремизмите однадвор и одвнатре сакаат да ни ја обезличат татковината, сакаат да не снема во неа, да не избришат како Македонци, да ни го одземат националниот идентитет, националната гордост и достоинство, нашата света македонска чест.
Тие сакаат Македонија да постои без нас, без македонскиот јазик да биде врзното ткиво на македонската држава, сакаат нашата држава да нема македонска изворна историја, да постои без македонска култура, да го нема македонскиот идентитет и било какво македонско обележје на ниво на држава. Сакаат образование за нашите деца и за нашето потомство без да се спомне македонскиот идентитет и нашето вековно постоење на ова парче света македонска земја, сакаат да ги искинат синџирот на вековната борба на нашите претци за национална слобода и за своја држава.
Македонци родољуби, без разлика на вашата моментална партиска припадност, ве повикуваме да ни се придружите на нашата заедничка света мисија, да си ја вратиме Македонија и македонското во неа, да го обновиме македонското национално единство, да го исцелиме одвнатре разореното национално ткиво, да го оздравиме заболениот македонски организам.
Нека овој повик роди нова македонска ревност за своето, за нашето, за македонското!
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град