Индиски сој на коронавирус детектиран во Македонија

Кај пациент кој во земјава се вратил од Ирак, детектирано е присуство на индиски сој на коронавирус.

 |   | 

Минатата недела кај еден пациент, кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на индиски сој на вирусот СарсКов2, информира Министерството за здравство.

„Според епидемиолошката анкета што ја направила болницата, пациентот се вратил од Ирак, каде што претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран. Кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик“, велат од Министерството.

Комисијата за заразни болести му предложила на Главниот координативен кризен штаб да остане во сила полицискиот час до 15 јуни на целата територија во државата.

Како што што информира Министерството за здравство, овој предлог на Комисијата е со цел да се ограничи дополнително групирање во доцните часови.

„Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид-центрите на територија на цела држава“, велат од Министерство.

На Клиниката за инфективни болести, првпат од почетокот на пандемијата, лекарите прегледуваат пациенти и од други инфективни патологии. Според последната епидемиолошка анализа, нема најава дека претстојниот период ќе има зголемување на нови случаи на заразени, како и зголемен број на хоспитализирани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top