Има ли излез од ќорсокакот наречен македонска политичка криза?

Партиите и претставниците на ЕУ се оптимисти дека преговорите ќе продолжат и дека може да се најде решение за неколкуте прашања за кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат различни ставови.

lideri

Партиите и претставниците на ЕУ се оптимисти дека преговорите ќе продолжат и дека може да се најде решение за неколкуте прашања за кои ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат различни ставови.

hanНеизвесно е кога ќе продолжат разговорите на работните групи за прашањата поврзани со одржувањето на изборите следната година. Откако олеснувачот Питер Ванхауте во средата разочарано констатираше дека нема напредок во преговорите, сега партиите се на потег и тие треба да дадат сигнал дека се подготвени да се вратат на преговарачка маса, но таков сигнал засега нема.

Ванхауте досега имал само билатерални средби со дел од партиите на кои им го опипувал пуслот пред да закаже нова заедничка средба.

Пратеникот Артан Груби од ДУИ вчера изрази уверување дека договорот од Пржино ќе се спроведе и затоа смета дека дијалогот треба да го следи договорот без одлагање, а македонските политички партии мора да покажат поголема одговорност за земјата отколку за себе.

przinoГруби, како што соопштија од ДУИ, рекол дека Советот на обвинители треба да покаже чувствителност за состојбата во земјата и да го почитува законот за специјалниот обвинител, овозможувајќи ги сите ресурси што се потребни од страна на специјалниот обвинител.

Но партиски извори брифираат дека нема големи промени во позициите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ околу неколкуте прашања за кои немаше договор и за време на разговорите со комесарот Јоханес Хан.

Најголем проблем за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ се министрите и замениците, кои треба да бидат дел од преодната влада што треба да функционира до изборите.

СДСМ сака нивните кадри да имаат целосни овластувања, што е спротивни од договор од втори јуни и од 15 јули, каде што децидно е наведено дека тие ќе бидат исклучиво технички и за прашања поврзани со изборите.

hanДруго прашање за кое партиите се далеку од договор е законот за т.н „бомби“ со кои треба да се ограничи објавувањето на прислушуваните разговори, кои неколку месеци ги објавуваше Зоран Заев.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, односно дека откако за содржината на прислушуваните материјали ќе се зафати специјалното обвинителство, тие веќе не треба да се објавуваат јавно.

Спротивно на тоа, СДСМ планира снимките да ги објавува јавно и да ги користи за време на изборната кампања.
Се проблематизира и донесувањето на измените на Изборниот законик, за кој партиите имаат начелна согласност, бидејќи СДСМ  неговото донесување го условува со избор и на останатите обвинители на Катица Јанева.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top