Во рамки на принципот за солидарност на Еу, Хрватска денеска ни донира 10.000 дози од вакцината ,,Астра зенека„
Во рамки на принципот за солидарност на Еу, Хрватска денеска ни донира 10.000 дози од вакцината ,,Астра зенека“. Кога сме кај донациите и Русија за наредната недела најави дистрибуција на 10.000 вакцини ,,Спутник“.
Во пресрет на донациите, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека вакцините се безбедни и дека без одобрение на Агенцијата за лекови ниту еден лек нема да биде пуштен во промет.
-Граѓаните треба да бидат спокојни. Ние аплицираме со соодветната документација која што е потребна и за увоз на лекот, а таа стигнува и пред да стигнат вакцините во Агенцијата за лекови , така што станува збор за административен процес.-изјави министерот за здравство.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град