Христијан Мицкоски кој беше единствен кандидат доби убедливо мнозиство на гласови од присустните делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Од 492 присутни, за него гласаа 489 делегати, а три ливчиња беа неважечки. Првиот мандат Мицкоски го доби 2017-та година на Валандовскиот конгрес и го наследи Никола Груевски.
Христијан Мицкоски кој беше единствен кандидат доби убедливо мнозиство на гласови од присустните делегати на 17-тиот Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Од 492 присутни за него гласаа 489 делегати, а три ливчиња беа неважечки. Првиот мандат Мицкоски го доби 2017-та година на Валандовскиот конгрес и го наследи Никола Груевски.
Благодарам на сите што ми дадоа поддршка на овој Конгрес. Благодарам за секоја дланка која ја стегнав овој ден – Вака го почна своето обраќање старо новиот лидер на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ по официјализирањето на резултатите од гласањето на делегатите на 17-тиот Конгрес.
Тој најави нова политика и курс на партијата, односно „втора епоха во партијата“.
Втората епоха е повик до секој поединец, за зграпчување на неговиот порив помагајќи си себеси, вградувајќи се себеси во политичкиот активизам да се вгради во напредокот на државата, така да помогне за сите нас. Втората епоха треба да донесе слобода во сите нејзини аспекти, слобода на креацијата, ослободување од стегите кои со децении го стегаат човека и неговиот потенцијал, слобода на мислата која треба да донесе нови ветришта на меѓусебна почит и разбирање, слобода во изборот на поединецот, издигнување над работите кои денес го ограничуваат нашиот потенцијал – кажа Мицкоски.
Мицкоски ја промовираше и новата доктрина на партијата со 17 точки по кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се движи во наредните 4 години. Тој ги повика своите сопартијци да го дадат максимумот бидејќи ништо помалку не заслужуваат граѓаните кои сеуште имаат надеж и очекувања.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град