Хашкиот трибунал расправа по жалбата за Јохан Тарчулоски

Расправа по жалбата поднесена од одбраната на Јохан Тарчуловски за 12-годишна затворска казна ќе се одржи во четврток во Хашкиот трибунал.

Johan Tarculoski
Јохан Тарчулоски

Расправа по жалбата поднесена од одбраната на Јохан Тарчуловски за 12-годишна затворска казна ќе се одржи во четврток во Хашкиот трибунал.

Johan TarculoskiМеѓународниот суд за воени злосторства во јули минатата година го осуди Тарчуловски на 12 години затвор за случајот „Љуботен“, а неговите бранители пред една година поднесоа жалба.

Адвокатите на Тарчуловски Антонио Апостолски и браќата Ален и Нејтан Дершовиц во жалбата од 15 точки, ќе се обидат да ги убедат хашките судии дека Јохан Тарчуловски е неправедно осуден.
Жалбата се темели на тоа дека Тарчуловски има спроведено легитимна акција за самоодбрана и одбрана на Македонија во конфликтот од 2001 година.

Хашкиот суд по сослушувањето на аргументите на одбраната и обвинителството се очекува да донесе одлука до крајот на оваа или почетокот на наредната година.

Јохан Тарчуловски е во затворот Шевенинген повеќе од 4 години.

Хашкиот трибунал за истиот случај го ослободи поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Судот в четврток ќе ги разгледува и аргументите по жалбата на обвинителството за ослободителната пресуда на Бошкоски.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top