Група на пријатели на Македонија во Европскиот парламент

Во Брисел синоќа се конститурира неформалната група на пријатели на Македонија во Европскиот парламент, во која членуваат повеќемина реномирани европратеници кои со особен интерес го следат процесот на македонското пристапување кон ЕУ.

Europarlament
Европарламент

Во Брисел синоќа се конститурира неформалната група на пријатели на Македонија во Европскиот парламент, во која членуваат повеќемина реномирани европратеници кои со особен интерес го следат процесот на македонското пристапување кон ЕУ.

На конститурирањето на групата присуствуваа и потпретседателот на македонската Влада, Ивица Боцевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски..
Неформалната група на пријатели на Македонија во Европарламентот предвидено е да биде активна во поддршката на земјата во напорите за приближување кон Унијата  и ќе претставува форум за промоција на Македонија, посебно при размената на мислења за остварување на македонските непосредни цели во предпристапниот процес, како што се добивањето датум за почеток на преговорите за членство, укинување на визниот режим за македонските граѓани и добивање на акредитација за управување со средставта од ИПА фондовите.

EvroparlamentНа средбата е изразено очекување дека групата со уште поголем број европратеници и поактивно ќе продолжи да функционира и по изборите за Европарламентот во јуни годинава.
Меѓу членовите на оваа неформална група се и европратениците Марчело Вернола и Рикардо Вентре од Италија, Чарлс Танок од Велика Британија, Ана Ибрисагиќ од Шведска и Елсе де Грун од Холандија.
Во Европскиот парламент функционираат 80-тина неформални групи на пријатели, кои се ангажирани за поддршка и промоција на повеќе прашања.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top