25-годишно момче од тетовското село Долно Палиште синоќа почина од последица од удар на гром.
Дваесет и пет годишниот Е.О. од тетовско Долно Палчиште вчера бил пронајден починат.
Од СВР Тетово информираат дека вчера во 19:25 часот било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атар на тетовски Урвич, бил пронајден Е.О., кој бил усмртен од удар на гром.
–Смрт констатирал лекар по судска медицина, а Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле увид, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
По наредба на Јавниот обвинител телото било предадено на семејството.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град