Грција реагира на извештајот на Мекдугал

Грција за денеска најави „детален“ одговор на извештајот на ОН во кој се констатира дека негира постоење македонско малцинство во земјата и ги крши правата на нивните припадници.

Gay Macdugal
Геј Мекдугал

Грција за денеска најави „детален“ одговор на извештајот на ОН во кој се констатира дека негира постоење македонско малцинство во земјата и ги крши правата на нивните припадници.

„Грција во вторник во Советот за човекови права во Женева во детали ќе ги претстави своите позиции во врска со Извештајот на Независниот експерт на Обединетите нации за права на малцинствата“, соопшти портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос.

Грција тврди дека ги почитува правата малцинствата, со што го отфрли извештајот на ОН, објавен минатата недела, кој ја повика „да не дебатира дали има македонско или турско малцинство“, туку да ги заштити.

„Нашите позиции се кристално јасно и се засноваат врз апсолутно почитување на човековите права, принцип што се однесува на малцинствата и претставува достигнување на модерната грчка република“, изјави Кумуцакос.

Gay MacdugalНезависниот експерт за малцински прашања на ОН, Гај МекДугал во извештајот именуван „Мисија во Грција“ ја повика грчката Влада да ги почитува правата на самоопределување и слобода на изразување на малцинствата.

„Независниот експерт ја повикува грчката Влада да не дебатира дали има македонско или турско малцинство во Грција, и да се фокусира на заштита на правата на самоопределување, слобода на изразување и слобода на здружување на овие заедници“, се наведува во извештајот на Светската организација.

Извештајот додава дека “правата на малцинствата мора да се почитуваат согласно Декларацијата на малцинствата како и други меѓународни договори за заштита на човековите права“.

„Грција треба да ги исполни одлуките на Европскиот суд за човекови права, особено одлуките што се однесуваат на тоа имињата на организациите да можат да ги користат зборовите “Македонска“ или “Турска“, и слободно да го изразат своите етнички идентитети“, се наведува во извештајот на независниот експерт МекДугал.

 

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top