Грција оптимист за решавањето на спорот со името

Грција се надева дека новоизбраниот македонски претседател Ѓорге Иванов ќе работи на решавање на прашањето за уставното име на Македонија, во согласност со одлуките на НАТО и ЕУ.

karta
карта

Грција се надева дека новоизбраниот македонски претседател Ѓорге Иванов ќе работи на решавање на прашањето за уставното име на Македонија, во согласност со одлуките на НАТО и ЕУ.

Претседателските избори во Македонија направија “чекор напред за приближување кон европските изборни норми“, изјави синоќа портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Јоргос Кумуцакос.

Сепак, тој додаде дека “мора да продолжат реформските напори за да се овозможи исполнување на критериумите за приближување на државата кон евроатлантските институции“.

kartaКумуцакос ја пренесе и оценката на меѓународните набљудувачи дека претседателските и локалните избори во Македонија изминале мирно, и оти немало нерегуларности што би можеле да го променат резултатот.

“Меѓународните набљудувачи, меѓутоа, истакнаа дека има основа за подобрување бидејќи утврдиле случаи на застрашување на гласачите и дупло гласање“, изјави портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top