Атина не е задоволна од предлогот на Нимиц, не ги исполнува нејзините услови и многу веројатно е дека нема да биде прифатен од премиерот Самарас.
Атина не е задоволна од предлогот на Нимиц, не ги исполнува нејзините услови и многу веројатно е дека нема да биде прифатен од премиерот Самарас. Ова се првите неофицијални информации од Атина по вчерашната средба во Њујорк. Според информациите на Канал 5, како што на неколкупати имаме објавено проблемот за Грција е во позицијата на географската одредница. па така новиот предлог содржел придавка пред република, а не пред Македонија (нешто што грчката страна не го прифаќа) а како можни имиња се споменуваат Северна Република Македонија и Горна република Македонија.
И Катимерини со слично сценарио и сличен коментар, Атина е изненадена, незадоволна и вознемирена за новиот предлог, кој содржи географска одредница но не е позицирана според нејзините барања.
„Каде точно ќе биде поставена придавката во името е од секундарно значење во англиската граматика. Тоа е техничко прашање а не стратешко. Она што е од стратешко значење е да постои географска одредница. “ – велат извори од ОН за Катимерини.
“Според веродостојни извори од ОН, предлогот ги покрива сите прашања и содржи сложено име со географска одредница (најверојатно Горна Македонија) додека пак што се однесува на условот на Грција да се користи ерга омнес, истите извори велат дека содржи „најширока можна употреба“. – пишува провладиниот весник.
Катимерини повикувајќи се на истите извори коментира дека за ОН ова е најдобриот можен предлог што ги покрива двете страни, додека пак висок западен дипломат за весникот коментирал дека ако се отфрли и овој предлог, не знае што ќе се случи во иднина.
Искусните грчки новинари од САД коментираат дека овој предлог е близок до позициите на македонскиот премиер, а е сличен со предлогот што Груевски му го доставил на Папандреу пред неколку години на средба во Брисел. Ако ова се покаже како точно, тогаш очекувањата се дека Самарас, без размислување ќе го отфрли предлогот на Нимиц.
За последните случувања во надворешната политика, а секако и за разговорите во Њујорк, шефот на грчката дипломатија ќе го брифира претседателот Папауљас.
Аврамопулос, вчера, неколку часа пред средбата Нимиц -Јолевски- Василакис , според информациите на Канал 5, бил ненадејно повикан од Самарас – а новинарите останаа без официјално соопштение за што се разговарало. Според неофицијални информации министерот за надворешни работи го брифирал премиерот за посетата на Букурешт и Загреб каде што меѓу другото се разговараше и за Западен Балкан, па оттука би можело да се заклучи дека не било испуштено да се спомене и Македонија. Сепак, акцентот бил ставен на одлуката на грчкото МНР да бара обесштетување од Германија од првата и втората светска војна, за кое веќе се подготвени документи од грчката влада.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град